1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Евро-кризата прави божиќна пауза

21 декември 2011

Следниот самит на лидерите на Европската унија ќе биде одржан на 30-ти јануари идната година, најави претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпoj.

https://p.dw.com/p/13WsL
Фотографија: K.-U. Häßler/Fotolia/DW

Главна тема на самитот ќе биде економската состојба во земјите-членки. Имено поголемиот број европски економии во наредната година ги очекува стагнација , а на некои од нив им се заканува и рецесија, истакна претседателот на Советот на ЕУ, Херман ван Ромпој.

Враќањето на финансиската стабилност во еврозоната и понатаму е од клучна важност за нашата иднина, истакна Ромпoј, додавајќи оти лидерите годинава презеле големи одлуки за решавање на должничката криза.

Тој посочи дека се надева оти постои излез од кризата. „Патот е долг, подолг отколку што очекувавме. Но, немојте да се сомневате, постои основна политичка волја да одиме напред како унија, со целосно почитување на ситуацијата меѓу земјите“, посочи Ромпoј.

„Мудис“ со предупредување до Велика Британија

Меѓународната агениција за одредување на кредитниот рејтинг „Мудис“ за првпат ја предупреди Велика Британија дека може да го загуби својот сегашен рејтинг ААА, доколку продолжи кризата во еврозоната, јави агенцијата МИА.

Во најновата анализа на „Мудис“ се вели дека Велика Британија засега има стабилен рејтинг, но нејзината економија се соочува со „застрашувачки и растечки предизвици“.

Затоа под прашање може да се стави британската способност да ги намали натамошните економски шокови, особено што одржувањето на стабилна перспектива е резултат на минатогодишните резултати и постигнувања, бидејќи економскиот раст оваа година е слаб.

Автор: СН/ АТ/миа/ ртр

Редактор: Ж. Ацеска