ДПА бара поддршка од Албанија
20 април 2006Албанскиот премиер Сали Бериша доби гаранции од Џафери дека ќе влијае врз политичките фактори во Македонија за изборниот процес да заврши успешно.
-Јас ја користам приликата да им упатам братски повик на сите политички сили во Македонија на сите албански и македонски граѓани во земјата да се посветат и да се ангажираат за слободен и демократски изборен процес,рече алабнскиот премиер,а лидерот на ДПА Арбен Џафери му одговори:
-ДПА ќе покаже нулта толеранција за евентуалните неправилности во изборниот процес.Само демократскиот начин е начин една политичка опција да се легитимира во демократските системи,рече Џафери,кој заедно со својот партнер Тачи излезе задоволен од средбите со албанските авторитети,бидејќи ја доби посакуваната поддршка за политичките ставови.Што се однесува за демаркацијата за северната македонска граница во делот кон Косово,заменик претседателот на ДПА Тачи рече дека во тоа за него неважно прашање во Македонија се мешаат одредени политички сили и повтори дека границата треба да се одбележи откако Косово ќе ја добие својата независност.Со истите пораки лидерите на ДПА в понеделник заминуваат во Приштина на средба со косовскиот претседател.