1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дојче банк бара менаџерите да ги вратат милионите

Ж. Ацеска
17 ноември 2016

Германската најголема банка, според медиумски извештај, бара од шестмина поранешни менаџери да ги вратат бонусите во милионски суми. Меѓу нив се поранешните челници Аншу Џаин, Јозеф Акерман и Јирген Фиче.

https://p.dw.com/p/2SoYX
Deutschland Josef Ackermann und Anshu Jain
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

Според пишувањето на „Зиддојче цајтунг“,Дојче Банк најголема сума за враќање бара од поранешниот прв човек на банката, Аншу Џаин. Тој го водеше секторот за инвестиции и од 2012 до 2015 година беше ко-шеф на банката.

Во финансиски кругови во врска со случајот Џеин се споменува двоцифрена милионска сума, пренесува весникот.

Дојче банк не само што што размислува во колкави размери да бидат скратени бонусите на менаџерите кои сѐ уште не се исплатени, туку бара начин да не ги исплати и веќе ветените пари.

Најголемата германска банкамоментно се наоѓа во процес на санација и во преговори околу казни високи повеќе милијарди долари во САД, поради зделки со трули хипотеки. Аншу Џаин, исто како и неговиот тогашен колега на чело на банката, Јирген Фичен, во 2014 година заработил околу 6,6 милиони евра. Џаин на крајот на јуни 2015 година даде оставка и за половината година прими плата од 1,9 милиони евра.