Досега 4 загинати во снежниот хаос
7 јануари 2019Зимата и натаму цврсто ги држи во костец јужните региони на Баварија и делови од Австрија. Иако интензитетот на снежните врнежи од вчерашната ноќ наваму малку се намали, сепак и натаму има застој или проблеми во патниот и во железничкиот сообраќај. Згора на тоа, некои патишта се целосно затворени поради опасност од лавина. Насекаде во германските Алпи е прогласена тревога од 4 ранг, што е вториот највисок степен на опасност од лавини. За наредните денови метеоролозите најавуваат уште снежни врнежи.
Двајца германски скијачи загинаа во Форарлберг, во австриските планини. Имено во Шопернау, 26-годишно момче од баварската област Дахау, на страна од обезбедените скијачки писти бил затрупан од лавина снег. Во втората несреќа предизвикана од лавина во областа Демулс загинал 32-годишен маж од околината на Хајлброн. Во областа Берхтесгаденер, на Тајсберг, една млада жена загина во снежните маси за време на викендот. Во Вакерсберг, во горна Баварија, 44-годишен скијачки инструктор загина откако врз него паднале гранки од дрво.
Повеќе за хаосот што го предизвика снегот во јужна Германија и во Австрија во следнава галерија: