1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Договорен пописот во Албанија

8 јули 2011

Албанија ќе спроведе попис во октомври годинава. Мнозинството во парламентот го изгласа законот, но припадниците на малцинствата во земјата, меѓу нив и Македонците, се сомневаат дека тој навистина ќе се спроведе.

https://p.dw.com/p/11rJ7
ТиранаФотографија: DW / Aida Cama

Пратениците во албанскиот Парламент вчера го изгласаа Законот за попис на населението и домаќинствата, кој ќе се спроведе во октомври. Министерот за иновации и технологии и претседател на Државната пописна комисија, Гец Поло пред пратениците изјави дека законот ги исполнува сите европски стандради и оти очекува да се спроведе попис по европски терк. Тој нагласи дека граѓаните на Албанија ќе може слободно да ја искажат нивната етничка и верска припадност и мајчиниот јазик. Претставниците на Македонците во Албанија велат дека од политички аспект гледано било добро што конечно Законот е донесен, но оти ни тие, ни претставниците на другите малцинства не веруваат во неговото реално спроведување.

Автор: АТ/миа

Редактор: Горан Чутаноски