Довербата во еврото и натаму се топи
15 декември 2011Еврото е на погрешен пат. Довербата во заедничката европска валута тоне, и покрај заклучоците од последниот самит на ЕУ на кој беше најавено нејзино зајакнување. Инвеститорите се нервозни и извлекуваат пари од еврозоната. Понатамошното задолжување на задолжените земји притоа се доведува во прашање поради рекордно високите камати, како што беше случајот со Италија вчера.
Тоа го става еврото под притисок. Кон крајот на октомври едно евро вредеше 1,42 долари. Оттогаш еврото тоне. Во последните седум недели загуби повеќе од 8 проценти од вредноста.
Сега дури и шефот на германската централна банка се заканува дека ќе го торпедира планот за спас на еврото. Шефот на Бундесбанката Јенс Вајдман се изјасни против планираното зголемување на фондовите на Меѓународниот монетарен фонд. Голема е опасноста дека овие средства ќе бидат искористени единствено за финансирање на задолжените европски земји. На вакви услови германската Централна банка не може да се согласи.
Автор: Ралф Јекел/Б.Георгиевски
Редактор: Ж.Ацеска