1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ДИК му го врачи уверението на Иванов

ЕМФ/макфакс/миа2 мај 2014

Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија (ДИК), денеска (2.05) му го врачи уверението за нов претседателски мандат на Ѓорге Иванов.

https://p.dw.com/p/1BsFk
Фотографија: ROBERT ATANASOVSKI/AFP/Getty Images

Претседателот на ДИК Никола Рилкоски, иако претходно беше најавено, не му го врачи уверението на Иванов, туку тоа го стори Бедредин Ибраими.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов, на последните избори што се одржаа на 13-ти (прв круг) и 27-ми април (втор изборен круг) освои втор претседателски мандат.

Според конечните резултати на ДИК, за Иванов во вториот круг од претседателските избори гласале 534.910 избирачи (55.28%), додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, освои 398.077 гласови (41.14%).

На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 проценти од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.