1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Десетчасовни судири во Кабул

СН/АТ/дпа/афп25 мај 2013

Во главниот град на Авганистан, завршија вооружени престрелки меѓу талибанските борци и безбедносните сили. Најмалку осум лица загинале во десетчасовните судири, соопшти полицијата во Кабул.

https://p.dw.com/p/18dms
Фотографија: Reuters

Меѓу загинатите се сите петмина напаѓачи како и двајца цивили и еден авганистански полицаец. Судирите започнале откако еден атентатор самоубиец најнапред го активирал експлозивот во неговото возило пред канцеларија на министерството за внатрешни работи во Кабул. Потоа вооружени талибански борци ги нападнале соседните згради во кои се наоѓаат канцеларии и на меѓународните организации како Обединетите нации и Меѓународната организација за миграција. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите. Портпарол на Талибанците изјави дека „нападот на повеќе муџахедини бил координиран“. Главни цели според неговите зборови бил една гостилница која ја посетувале припадници на американската тајна служба ЦИА и на авганистанската разузнувачка служба НДС.

Anschlag Afghanistan Kabul 24.05.2013
Фотографија: picture alliance/landov

Раководителот на мисијата на ОН во Авганистан, Јан Кубис жестоко го осуди нападот на талибанците. Меѓународните заштитни сили во земјата ИСАФ пак соопштија дека нападот покажува дека талибанците немаат почитување за човечките животи.

Насилството во Авганистан значително се зголеми во изминатите недели. Пред неполн месец бунтовниците најавија дека започнуваат пролетна офанзива. Во четвртокот минатата недела во најтешкиот самоубиствен бомбашки напад во Кабул од почетокот на годинава загинаа 16 лица, меѓу нив и шест припадници на силите на ИСАФ.