Десетици илјади евакуирани од поплавите во БиХ и Србија
18 мај 2014Најмалку 40 луѓе го загубија животот во поплавите на Балканот. Од Србија се јавува дека загинале 16 луѓе, додека во Босна според податоци на властите досега животот го загубиле најмалку 27 луѓе. Во Хрватска се удавил еден човек.
Како што проценуваат властите во погодените земји, бројот на жртвите најверојатно ќе се искачува. И српскот премиер Александар Вучуќ подвлече дека бројот на загинатите во природната катастрофа ќе биде објавен, дури откако водата целосно ќе се повлече.
Илјадници луѓе се во бегство со чамци и хеликоптери, автобуси и пеш, од силните дождови, поплавите и лизгањето на земјиштето- природна катастрофа која го зафати Балканот со досега несогледливи последици. На многу места е во прекин снабдувањето со вода за пиење и со струја. Само во Србија штетите се проценуваат на една милијарда евра.
Властите во Србија наредија и натамошни евакуации од места по должината на реката Сава. На многу места, доброволците поставија насипи со вреќи со песок. Дали тие ќе го издржат напливот на водата е неизвесно. На Сава се очекува рекорден водостој. Исто така и Белград се подготвува за поплави.
Српската влада во меѓувреме потврди дека се уапсени лица, кои ја искористувале сегашната ситуација на луѓето и за повеќепати ги покачиле цените на минерaлната вода и прехранбените производи. Весниците во Србија критикуваат дека метеоролозите не предупредиле навреме од невремето. Додека доброволците, кои владата во Белград ги испрати на критичните точки се жалат на лоша организација.
Во меѓувреме во Босна и Херцеговина и во Србија пристигнува странска помош за справување со поплавите. Во Србија за помош од поплавите пристигнуваат спасувачки тимови од Русија, ЕУ, САД и државите во регионот.
Германија и на двете земји им понуди поддршка. Министерството за надворешни работи соопшти дека првите експерти веќе пристигнале во Србија, а се координира натамошна помош. „Сѐ уште неможе да се согледаат целите размери на катастрофата“, рече министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер. „На семејствата кои во поплавите загубија свои блиски им изразуваме длабоко сочуство.“
Критична состојбата и во БиХ
Во моментов критична е состојбата на северот на Босна, каде мораа да бидат евакуирани 10.000 луѓе од градот Бјелина. „Мојата куќа е целосно уништена“, вели една жена. „Повеќе не можеме да влеземе внатре. Имаме само она што е на нас. Јадењето го добивме како помош. Дрвата ги собрав, за да можеме да се загрееме. Живеам во туѓ стан“.
На границата кон Хрватска се искачи водостојот на Сава и повеќепати ги преплави заштитните насипи. Вкупно 1,2 милиони луѓе, една третина од населението во Босна се погодени од поплавите, извесуваат тамошните медиуми. Во целата земја лизгањето на земјиштето предизвикува натамошно опустошување.
По повлекувањето на водите за населението постои друга опасност: Силните поплави однесоа голем број табли, кои предупредуваа од мини, кои по војната сѐ уште не се целосно расчистени од Босна и Херцеговина.