Границата меѓу Косово и Србија за официјална Приштина e државна граница, додека официјален Белград не ја признава како таква. За жителите на пограничното село Депце ова има и конкретни последици. По војната во Косово, живите останаа на едната - а мртвите на другата страна на границата.