1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дел Понте: НАТО спречи истрага за трговијата со органи

1 февруари 2012

Поранешната хашка обвинителка тврди дека само комисија на ОН може да ја утврди вистината за случувањата во Косово. Дел Понте смета дека постои малку политичка волја овој случај да се отвори целосно.

https://p.dw.com/p/13uDk
Карла Дел ПонтеФотографија: AP

Карла дел Понте изјави дека истрагата за трговија со органи на Косово била спречена од страна на НАТО, како и дека конечната вистина може да биде откриена само под мандат на Обединетите нации.

„Меѓународната заедница по извештајот на Дик Марти, мораше да реагира, но само под мандат на Обединетите нации кои би можеле да дадат конечна верзија на настаните”, изјавила поранешната хашка обвинителка.

Таа додала дека постои малку политичка волја овој случај да се отвори целосно, бидејќи ситуацијата на Косово е сe‘ уште кревка. Прашана дали се чувствува одговорна зашто во 2005 година по налог на хашкото обвинителство се уништени примероци од т.н. „Жолта куќа”, Дел Понте изјави дека тоа било голема грешка, како и дека било сторено без таа да биде консултирана. Дел Понте во 2004-та година во раце го имала доверливиот извештај на УМНИК, но истрагата за злосторствата била суспендирана. Истрагата не можела да се одвива бидејќи НАТО и УМНИК не дозволиле пристап до важни документи, а Албанија не дозволила да се влезе на нејзина територија и да се испитаат гробовите.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Ж. Ацеска