Две лица убиени во напад во црква во Русија
9 февруари 2014Во нападот во православната црква „Воскресение Христово“ во градот Јужно Сахалинск повредени се уште шест лица, соопштија иследниците. Полицијата веднаш на местото на злосторството го уапсила напаѓачот кој работи за приватна служба за обезбедување, меѓу другото задолжена и за безбедноста на црквата, и се обидува да го утврди мотивот за нападот.
Поради Зимските Олимписки Игри кои се во тек во Сочи - 7500 километри оддалечен од Сахалин - безбедносните мерки на целата територија на државата се значително заострени. Исламистите, кои се борат за сопствена држава во Северен Кавказ, кој граничи со Сочи, се заканија со напади за време на Олимпијадата.
Меѓутоа во овој случај нема никакви назнаки дека нападот е поврзан со заканите за терористички напади. Инаку, Советскиот сојуз го окупираше Сахалин и Курилските острови при крајот на Втората Светска Војна. Јапонија од Москва бара овие острови да и‘ бидат вратени. Русија, меѓутоа, огромен дел од нејзиниот течен природен гас го црпи од постројките околу островот Сахалин.