1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночна исповед со последици

АТ/ дпа/ртр/афп/епд/ вдр4 февруари 2014

Откако во германската јавност се обелоденија нови случаи на затајување данок од познати личности, дебатата повторно се разгоре. Сега и висок по ранг политичар од СПД призна дека направил грешки, што за него има последици

https://p.dw.com/p/1B2en
Фотографија: mopsgrafik - Fotolia.com

Откако беше објавена неговата даночната измама од пред неколку години, државниот секретар за култура на Берлин Андре Шмиц си сноси политички консеквенции. 56-годишниот социјалдемократ денеска (04.02.) до градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт поднесе барање да биде отпуштен, за да спречи да биде нанесена штета на функцијата и културната политика на Берлин. Градоначалникот Воверајт ја прифати оставката.

Шмиц со ова очигледно реагира на барањето на претседателот на СПД Зигмар Габриел. „Политичките претставници имаат функција за пример, која мораат да ја оправдаат. Ние јасно кажавме дека сме за тоа даночното затајување построго да се следи и казнува“, изјави Габриел во Потстам на партиски собир.

Шмиц вчера призна дека не оданочил коректно околу половина милион евра, кои биле на банкарска сметка во Швајцарија. „Јас направив голема грешка, за која жалам“, изјави државниот секретар. Градоначалникот на Берлин Воверајт знаел од 2012 година за даночната измама, но пради големиот углед на Шмиц го оставил на функцијата, потврди портпаролот на Сенатот во Берлин Рихард Менг. „Шмиц е многу компетентен политичар од областа на културата со голем углед во градот“, вели портпаролот Менг. Поради ваквата оценка Воверајт во 2012 година одлучил Шмиц да остане на функцијата, подвлече Менг во име на градоначаникот на Берлин.

Andre Schmitz
Андре ШмицФотографија: picture-alliance/dpa

Сомневања за даночни затајувања и за Хелмут Линзен

Според последните информации на германските медиуми има сомневања за даночни затајувања и за висок по ранг политичар од ЦДУ. Хелмут Линзен, благајник на Христијано-демократската унија (ЦДУ) на канцеларката Меркел и поранешен покраински министер за финансии во Северна Рајна Вестфалија, префрлал пари во т.н. фирма-поштенско сандаче. Ова денеска го информира магазинот „Штерн“. Меѓутоа, Линзен негираше за телевизијата ВДР дека затајувал данок. Парите потекнувале од неговите родители.

И Алис Шварцер затајувала данок

Позната германска новинарка Алис Шварцер во неделата призна дека од 1980-те години имала сметка во Швајцарија, која ја пријавила кај финансиските власти дури минатата година. Потоа за десет години доплатила околу 200.000 евра данок дополнително и камата за ненавремено плаќање. Адвокатот на Шварцер, Криситјан Шерц најави дека се проверува кои правни чекори можат да се преземат, бидејќи со откривањето на случајот било повредно правото за неоткривање на даночните податоци. Тој смета дека во овој случај се повредени правото на доверливост за даночните податоци и личните права на Шварцер.

Alice Schwarzer
Алис ШварцерФотографија: Johannes Eisele/AFP/Getty Images

Со оглед на актуелната дебата, Алис Шварцер во меѓувреме најави дека ќе основа фондација за еднакви шанси и човекови права на жените и девојките и во неа ќе вложи еден милион евра.