1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Ќе стане ли Твитер агенција за фејк њус?

Каролина Химој
26 април 2022

Илон Маск не сака правила. Затоа неговото 44 милијарди долари вредно преземање на една од централните платформи за комуникација во современиот свет, би можело да биде проблем, смета Каролина Химој.

https://p.dw.com/p/4AR60
Elon Musk I Twitter
Фотографија: Adrien Fillon/ZUMA/picture alliance

Илон Маск еднаш ја опиша платформата Твитер како „централен градски плоштад“, значи главното место на кое некогаш се дознавале најважните и актуелните случувања. Место каде што луѓето се среќавале, каде што можеле да го дознаат и да го објават она што сакаат. Милијардерот Маск, значи, многу добро знае колку е важна оваа социјална мрежа како комуникациски инструмент на нашето време.

Инструментализацијата во полза на Маск?

Прашањето е дали тој е свесен колкава одговорност презема со овој потег? Дека тука не би требало да станува збор само за профит, како во приватна компанија? Дали Маск, како најуспешен бизнисмен на нашето време, ќе го инструментализира Твитер во своја полза?

Некои негови идеи можеа да се препознаат во различните интервјуа и медиумски настапи, во кои тој истакна оти сака да го води Твитер како чисто приватна компанија. Според Маск, Твитер не направил доволно за да ја одбрани слободата на говорот и непотребно постојано ја модерирал комуникацијата.

Но, како Маск ја разбира слободата на говорот?  Така што секој да може да тврди сѐ што сака, дури и кога тоа гарантирано ѝ противречи на вистината?

Carolina Chimoy Kommentarbild App PROVISORISCH
Каролина Химој, авторка на коментарот

Маск во  повеќе наврати изјави дека се противи на исклучување на луѓето од Твитер. Најпознат пример за тоа е поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кому му беше забранет да објавува на платформата откако неговите обожаватели упаднаа во американскиот Капитол на 6. јанурари 2021 година. Образложението на Твитер за забраната беше дека твитовите на Трамп носат ризик од „натамошно поттикнување на насилство“.

Маск - „апсолутист на слободата на говорот“

Но, Маск не сака правила. Тој во едно интервју јасно кажа дека кога тој ќе биде газда веќе нема да има вакви правила и можност за исфрлања од мрежата. Најбогатиот човек на светот, тежок 270 милијарди долари, сака да го направи Твитер „социјален императив“ на слободата на говорот. Секој може да каже сè, така на тоа гледа Маск, кој себеси се опишува како „апсолутист на слободата на говорот“.

Повеќе: Цензура или спречување на антидемократско подбуцнување

Таков свет, меѓутоа, токму под Маск е сепак тешко замислив. Многупати на неговиот Твитер профил тој блокираше луѓе кои го критикуваа него или неговата компанија Тесла. И новинарите кои го критикуваат Маск често добиваат навреди преку неговиот Твитер профил.

Ниту еден „плоштад“ не му припаѓа само на еден човек

Твитер во 21 век  може навистина да е централниот градски плоштад. Но, има неколку значајни разлики: разговорот на плоштадот не бил ограничен на 280 знаци, како што се пораките на Твитер. Личната комуникација дава многу повеќе информации, отколку кратка текстуална порака проследена со максимално една фотографија.

И што е најважно, плоштадот во еден град никогаш не е во сопственост на ниту една личност, ниту е толку подложен на ширење на дезинформации. Тенденција која во отсуство на правила, само ќе доведе до уште поголема поларизација.