1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

161209 Afghanistan Bundestag

17 декември 2009

Политичката афера број 1 во Берлин ќе се обиде да ја расветли Истражна комисија на Бундестагот. Таа треба да ги открие сите релевантни детали за воздушниот напад врз киднапираните цистерни на Бундесверот во Кундус.

https://p.dw.com/p/L4CS
Ќе успее ли да се одржи на функцијата: министерот за одбрана ГутенбергФотографија: AP Graphics/DW

Министерот за одбрана, Карл Теодор цу Гутенберг, ја искористи вчерашната дебата во Бундестагот за да ја одбрани сопствената позиција пред пратениците. Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека не ја информирал доволно за спорниот воздушен напад во Кундус, имено дека главна цел на нападот не биле цистерните, туку големата група талибанци и посебно нивните лидери. Гутенберг дури мина во контраофанзива: „Бранот згрозување би требало всушност да ве погоди вас, бидејќи вие бевте информирани за се` она за што ме обвинувате мене и тоа најдоцна од 3 ноември наваму. Некои од вас беа информирани дури порано.“

Afghanistan Bundeswehr Deutschland Angriff auf Tanklaster in Kundus
Што точно се случуваше ноќта меѓу 3 и 4 септември? Авганистански војник пред остатоците од една од цистернитеФотографија: AP

Имено, дел од политичарите на опозицијата имаа можност да фрлат поглед во актите на истрагата за спорниот воздушен напад, но не смееа за тоа јавно да зборуваат. Сепак, опозиционите социјалдемократи, зелените и пратениците на Партијата на левицата остро го нападнаа министерот, кој во моментот на нападот уште не беше на таа функција. Јан ван Акен од Партијата на левицата оцени дека актуелниот мандат на германските војници во Авганистан не содржи дозвола за такви напади: „Господине Гутенберг, вие немате дозвола за убивање! Целно убивање не е ништо друго, туку смртна казна без судска пресуда и без судски процес. Тоа не смеете да го правите.“

Најсилниот иснтрумент

Нападите на опозицијата во парламентот во Берлин беа толку интензивни и толку гласни, што мораше да интервенира дури и актуелниот вршител на должноста претседател на парламентот и да побара мир во салата. По бурната дебата пратениците решија да го искористат најсилниот инструмент што им стои на располагање во вакви ситуации, имено, да свикаат парламентарна Истражна комисија, која ќе ги испита сите релевантни детали од нападот. Пратеникот на зелените, Омид Нурипур, сака притоа да добие одговори на следните прашања: „Сакаме да знаеме што точно се случило во раководењето со операцијата. Сакаме да знаеме кои правила на воената служба при тоа биле прекршени. И сакаме секако да знаеме што се случувало во Министерството за одбрана во Берлин во врска со информативната политика околу овој случај.“

Opfer des Luftangriffs in Kunduz
Повредени во нападот на лекување во болница во КабулФотографија: dpa

Комисијата ќе истражува една година

Опозицијата бара уште на почетокот на работата на Истражната комисија да бидат сослушани надлежниот министер Гутенберг и што е можно побрзо по него и канцеларката Ангела Меркел. За неа клучното прашање ќе биде од кога знаела таа дека вистинската цел на нападот биле талибанските борци, а не цистерните. Опозицијата се сомнева дека владата ја сменила стратегијата за Авганистан, а за таа промена не го информирала парламентот, кој го дава мандатот за сите воени операции. За разлика од нив, пратениците на владината коалиција се против испитувањето на министерот и канцеларката толку брзо и нагласуваат дека тие можат да се појават пред Истражната комисија и подоцна, бидејќи таа ќе работи најмалку една година. За нив е секако битно да ги спасат канцеларката Меркел и нејзините министри од актуелните напади и да им овозможат да здивнат.

Автор: Нина Веркхојзер/Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска