1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Да се зборува повеќе со Русија

Сабине Кинкарц
16 јуни 2018

Дали германската канцеларка треба да отпатува во Русија на Мундијалот? Дали треба да се заостри германската политика кон бегалците? На овие и други прашања одговараа Германците во големата анкета „Трендови во Германија“.

https://p.dw.com/p/2zfiN
Russland Sotschi - Vladimir Putin und Angela Merkel
Фотографија: Reuters/S. Karpukhin

Германската фудбалска репрезентација во Русија ја брани титулата светски шампион. Само 42 насто од Германците се убедени дека тоа ќе ѝ успее, покажа најновата анкета на институтот за истражување на јавно мислење Инфратест-димап. Голема анкета, „Трендови во Германија“, е спроведена во вторникот и во средата (12.-13.06.) - кога не можеше да се согледа дали спорот околу бегалската криза меѓу ЦСУ и ЦДУ ќе ескалира како што е случај сега.

Двете сестрински партии не се согласуваат околу прашањето дали бегалците кои веќе поднесоа барање за азил во некоја земја од ЕУ, треба да бидат вратени од германската граница.

Големо мнозинство е за протерување

Кога станува збор за бегалската политика, 86 отсто од Германците сметаат дека подоследно протерување на одбиените баратели на азил би било исправно, 69 насто од испитаниците се залагаат на бегалците наместо пари да им се дадат потребни работи, а 62 отсто- да не им се дозволи влез на бегалците во Германија без документи.

Иницијативата на минситерот за внатрешни работи да се отворат центри за „прифаќање на бегалците, одлучување за нивниот статус, како за нивна распределба по германските општини го поддржува 61 насто од населението, додека 31 процент го отфрлаат тоа.

Infografik ARD Deutschland Trend  Juni 2018 Sonntagsfrage EN

Лоши оценки за владата

Кога станува збор за работата на владата, со неа „воопшто не се задоволни“ 20 отсто, додека „помалку задоволни“ се 43 насто од испитаниците.

Само 2 проценти се „многу задоволни“, а 35 отсто се „задоволни“ со работата на владата. Секој втор Германец е задоволен од работата на Ангела Меркел како канцеларка. Со работата на министерот за надворешни работо Хајко Мас се задоволни 44 насто од граѓаните, а со работата на министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер- 23 отсто.

Кога утре би се одржале избори, ЦДУ/ЦСУ би добиле 31 насто од гласовите, СПД 18 отсто, а АфД- 15 насто. Зелените уживаат поддршка од 13 проценти, Партијата на левицата 10 насто, а Либералите- 8 отсто.

Фудбал

Канцеларката Ангела Меркел на Мундијалите во Бразил и во Јужноафриканската Република ги следеше натпреварите на германската репрезентација- 26 отсто од испитаниците сметаат дека сега тоа не би требала да го стори и во Русија, а 67 насто- оти би било добро да оди да ги следи. 42 проценти од Германците сметаат дека поради состојбата на човековите права во Русија и поради ситуацијата кај тамошните медиуми одлуката на оваа земја да и' се додели организација на Светско првенство е погрешна, а 45 отсто од нив велат дека одлуката е исправна.

Infografik ARD Deutschland Trend  Juni 2018 WM in Russland EN

59 насто од Германците го поздравуваат тоа што на Русија по анексијата на Крим ѝ се воведени санкции, а 34 проценти сметаат дека тоа е погрешно. 76 отсто од испитаниците сметаат оти претседателот на Русија Владимир Путин не бира средства за да ги спроведе руските интереси.

Околу 37 проценти од испитаниците би имале разбирање за тоа дека Запад за Русија претставува закана, но 88 насто од нив сметаат дека би било добро кога западните влади повеќе би разговарале со руската влада. Околу 93 отсто од населението смета оти Русија би требала повеќе да се потруди околу дијалогот со Запад.

 

Kinkartz Sabine Kommentarbild App
Сабине Кинкарц новинарка на ДВ