Да не се патува во Авганистан
26 јули 2007Еден од нив е убиен како дел од уцената за ослободување затворени Талибанци. Во случајот на грабнатиот Германец нема нови информации.
Вчера дозна попладнето гувернерот на провинцијата Кунар го соопшти ослободувањето на грабнатиот новинар. Меѓутоа, не станува збор, како што беше претходно јавено, за германски новинар, туку за Авганистанец со дански пасош. Претставникот на провинцијата, Ајмал, изјави дека тој потекнувал од централно-авганистанската провинција Логар:
„Станува збор за личност со авганистанско потекло. Во моментов е со мене и веднаш ќе започнеме официјален разговор„, изјави Ајмал. Како дошло до тоа да биде заменет за Германец се уште не е јасно.
Во меѓувреме, германското министерство за надворешни работи предупреди да не се патува во Авганистан. Портпаролот на министерството Мартин Јегер:
„Итно бараме од сите претставници на медиумите во оваа ситуација да се откажат од патување во Авганистан„.
Репортерот на телевизија Дојче веле, Еберхард Зукер кој во моментов е во Берлин вели:
„Ако сакав приватно да одам да пазарам, тоа го правев на традиционален начин и скоро бев невидлив во масата. Тоа што порано го правев скоро безгрижно, па патував и надвор од Кабул во круг од 150 до 200 километри, сега веќе не го правам„.
Нема никакви нови информации за германскиот инженер кој е заложник во местото Газни, освен што беше потврдено дека се уште е жив. Преговорите за неговото ослободување продолжуваат, но, како што се вели, се одвиваат многу бавно. Со грабнувачите преговараат претставници на авганистанската влада.Телото на вториот грабнат Германец кој почина во Авганистан, денеска ќе биде обдуцирано во Келн.
Во меѓувреме, владата во Сеул потврди дека еден од 23-цата кореански заложници е убиен од грабнувачите. Јужна Кореја остро го осуди бруталното убиство на, како што се вели, невин цивил и тоа под никакви околности не може да биде толерирано. Претставник на Талибанците изјави дека заложникот бил убиен зашто владата во Кабул не сака да ги исполни барањата за ослободување на нивните затворени соборци.