1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Гугл“ помина само со модринка

АТ/ дапд/ афп/ ртр/ дпа4 јануари 2013

Американската служба за заштита на конкурентноста ја прекина истрагата против „Гугл“. Се вели дека нема докази оти фирмата која раководи со најголемата машина пребарувач ја злоупотребила водечката позиција на пазарот.

https://p.dw.com/p/17Dc8
Фотографија: dapd

Американската монополска управа „Federal Trade Commission (FTC)“ речиси година и половина ги истражуваше поплаките, според кои „Гугл“, кога ги покажува резултатите од пребарувањето предност им дава на сопствените понуди, а потоа следуваат оние на конкуренцијата. Прилагодувањата при пребарувањето на интернет биле меѓутоа оправдани, заклучија властите.

Фирмата која раководи со најголемата машина пребарувач во светот од своја страна се обврза на конкретни отстапки. Американското претпријатие на конкурентнтите за одредена претплата треба да им дозволи пристап до важните патенти. Кон ова се вбројуваат технологии во областа на смартфоните и таблет-компјутерите, кои концернот во 2012 година ги презема од „Моторола“. Во овој сегмент „Гугл“ делумно ја искористил својата доминантна позиција на пазарот, пресудија чуварите на конкурентноста од Вашингтoн.

Новото регулирање спречува „Гугл“ да преземе правни мерки против конкурентните, кога тие ќе користат одредени патенти. Неодамна концерните „Епл“ и „Самсунг“ имено водеа тешка правна битка околу патентите.

Microsoft Windows Google Symbolbild
Фотографија: picture-alliance/dpa

Производителот на софтвери „Мајкрософт“ и други технолошки концерни го поттикнаа процесот против „Гугл“. „Гугл“ делумно агресивно се однесувал кон своите конкуренти, заклучија чуварите на конкурентноста. Но задача на монополската управа е да ја штити конкурентноста, а не индивудуалните конкуренти, изјави надворешната соработничка Бет Вилкинсон.

Конкурентот на „Гугл“, „Мајрософт“, ја критикуваше одлуката на монополската управа. Одлуката, според нив, била „слаба и искрено кажано, невообичаена“, напиша правниот советник на „Мајкрософт“ Дејв Хајнер во блогот на фирмата.

Во моментов во тек е уште една постапка против „Гугл“, но во Европа, од страна на Комисијата на ЕУ. Брисел го обвинува концернот за „злоупотреба на пазарната моќ“ и бара промена на начинот на работење. Комисијата на ЕУ смета дека претпријатието ги запоставува конкуретните фирми при прикажувањето на резултатите од пребарувањето и ги користи содржините на други понудувачи за пребарување за сопствени цели.