1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гугл го „мириса“ воздухот

ЕМФ /агенции
8 јуни 2017

Гугл соопшти дека соработува со Еколошкиот одбранбен фонд (ЕДФ) и Аклима со цел да се подобри квалитетот на воздухот.

https://p.dw.com/p/2eJtG
USA Google Lexus in Mountain View
Фотографија: picture alliance/AP Photo/T. Avelar

Во периодот од мај 2015 до мај 2016 година Street View-возилата на Гугл, опремени со сензори кои детектират опасни материи во воздухот, како саѓи или азотни оксиди, возеле низ Оукленд, САД, и собирале податоци. Вообичаено, вакви податоци се собираат со помош на станици кои имаат одредена постојана локација, но возилата на Гугл се значително попрецизни, благодарение на мобилноста. Студијата, како што велат од Аклима, е пилот-проект кој во иднина би требало да се прошири. 

Гугл душка наоколу