1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грчки остров - пробен полигон за електромобили на Фолксваген

Стефанос Георгаколулос
28 ноември 2020

Фолксваген и Грција сакаат на островот Астипалеа да покажат дека мобилноста е можна и без загадување на воздухот. Грчкиот остров би требало да стане пример за електромобилност.

https://p.dw.com/p/3lGE1
Griechenland | Griechische Insel Astypalea | Pressefoto
Фотографија: Volkswagen AG

Малиот егејски остров Астипалеа, кој се наоѓа меѓу Санторини и Кос, би требало да стане модел за климатски неутрална мобилност. Германскиот автомобилски концерн Фолксваген и грчката влада потпишаа минатата недела писмо за намери (4.11). Извршниот директор на Фолксваген Херберт Дис вели дека тоа е проект, кој според негови сознанија, е единствен во светот.

Во следните неколку години островот Астипалеа, со површина од околу сто квадратни километри, би требало да стане еколошки пример – со електрични автомобили, е-скутери, електрични велосипеди, па дури и самовозни мини-автобуси.

Прдвидено е околу 1500 автомобили со мотори на внатрешно согорување да бидат заменети со илјада електрични возила, а тоа веројатно ќе бидат моделите ИД.3 и ИД.4 на Фолксваген. Владата во Атина го субвенционира купувањето на возила и плаќа до 12.500 евра по возило. Фолксваген пак ќе ги понуди по производна цена, а и самиот концерн ќе вложи околу десет милиони евра во проектот. Отприлика толкав ќе биде и уделот на државата.

Струја од обновливи извори

Зошто за овој пионерски проект е избрано токму тој остров со само 1.300 жители? Според зборовите на извршниот директор на Фолксваген, Дис, идејата за ЦО2 – неутрален остров дошла од грчката влада. Маик Стефан, раководител на деловниот развој во Фолксваген, во интервју за Дојче веле објаснува: „Заедно го одбравме Астипалеа, зашто има точно вистински димензии во поглед на големината, бројот на возила и бројот на жители. Освен тоа, речиси нема копнен автомобилски сообраќај меѓу копното и Астипалеа, а не постои ни далекувод од копното кон островот."

Повеќе на темата:

Зелените автомобили се иднината

Најпаметниот град во Грција

Ништо не е случајно: Тесла ќе гради фабрика во Берлин

Автоиндустријата пред дилема: трансформација или пропаст

Како и на повеќето други острови во Егејско Море, и на Астипалеа електричната енергија се произведува со дизел-генератори. Во разговор со ДВ, градоначалникот Николаос Коминеас вели дека за потребите на проектот ќе биде потребно да се произведат „околу 15 % повеќе струја" отколку досега. За таа цел наскоро треба да се постават ветерници и соларни колектори, а алектричната енергија која ќе биде произведена на таков начи, ќе се складира во посебни батерии. Истовремено е нужна и обнова на патната мрежа, вели Коминеас, за воопшто да се создадат услови за автономна мобилност.

Infografik von VW |  Insel Astypalea | DEU
Фотографија: Volkswagen AG

Астипалеа пробен полигон за автономно возење

Амбициозниот проект би можел да го подобри меѓународно оцрнетиот имиџ на Фолксваген по дизел-скандалот и да стане симбол на ново, електро усмерување на концернот.

Но, тоа не е сѐ, вели грчкиот новинар Никос Кунитис, кој и сам потекнува од Астипалеа: „Многу е веројатно дека станува збор за тестови за автономно возење. Во врска со тоа, правната ситуација на ЕУ е многу компликувана, посебно кога тоа се врши на јавни патишта. Но, според грчкиот закон, Астипалеа е класифицирана за периферен регион, така што овие испитувања со автономни возила таму полесно можат да се спроведат". 

Друга предност е што тестовите и натаму ќе се вршат во ЕУ, значи во релативна близина на седиштето на концернот во Волфсбург, а не во далечната Кина или во САД, додава новинарот кој го следи секторот за авто-мобилност.

Во поглед на преминот кон обновливи извори на електрична енергија на Астипалеа, надлежна е грчката држава. „Тоа за нас е предуслов, зашто навистина не би имало смисол да се нуди електромобилност на островот, а истовремено да продолжи производството на струја со дизел-генератори", вели Маил Штефан од Фолксваген.  

Малите електромобили во офанзива

Уште денес е можна мобилност без ЦО2

Фолксваген се надева дека Астипалеа би можела да прерасне во идеална лабораторија за истражување на мобилноста на утрешнината: „Се надеваме дека многу ќе научиме во оваа единствена ситуација, а потоа икуствата ќе ги пренесеме во идни проекти", најавува Штефан. Амбициозна цел е докажување дека уште сега е можно реализирање на ЦО2 –неутрална мобилност во еко-системот, а не дури во 2040 или 2050 година. 

Поради релативно малата патна мрежа на островот, мала е и опасноста електричните возила да имаат проблем со дометот: „Астипалеа има идеална големина за денес достапните батерии", уверен е Никос Кунитис. Освен тоа, проектот на островот е добар и како почеток на промоцијата на електромобилност во Грција: „Не може веќе да се избегнуваат сѐ построгите стандарди на ЕУ", истакнува Кунитис.