Доколку инвестирате 250.000 евра во стан или куќа во Грција, добивате европска виза за престој, или како што се нарекува, „Златна виза“. Ваквата програма на Грција е многу критикувана од страна на ЕУ. Но, и покрај тоа, можноста да добијат златна виза ја користат многумина. Недвижности во Грција купуваат пред се' Кинезите.