Напад со боја врз амбасадата на САД - причина и Македонија
7 јануари 2019Полицијата во Атина соопшти дека осумте лица ги уапсила откако десет мотоциклисти рано утрината фрlиле црвена боја на влeзот во паркингот на амбасадата на Соединетите Американски Држави во грчкиот главен град. Анархистичката група позната како Рувиконас на интернет објави дека е одговорна за нападот, кој се случил во 3:30 минути изутрина по локално време.
Во објавата на Рувиконас како причини за нападот се наведени „американскиот империјализам“, грчкиот договор со Македонија за промена на името на соседната земја во Северна Македонија во замена за членство во НАТО, како и неодамнешната американска одлука за повлекување на нејзините трупи од Сирија, со која курдските борци се оставени на милост и на немилост на, како што пишува групата, „полуфашистичката држава“ Турција.
Групата Рувиконас и предходно изведуваше слични напади врз амбасади, грчки државни институции и канцеларии на политички партии.