Груевски денеска на средби со Клинтон и Бајден
16 февруари 2011Реклама
Македонскиот премиер Никола Груевски доцна синоќа по македонско време се сретна со помошникот државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, Филип Гордон, како подготовка на денешната средба со потпретседателот Џозеф Бајден и државниот секретар Хилари Клинтон. Предмет на разговорот, според извори од македонската делегација биле решението на спорот за името што е единствената преостаната пречка за членство на Македонија во НАТО и пристапните преговори со ЕУ.
Во македонската делегација, покрај премиерот се и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и шефот на Кабинетот на премиерот Мартин Протоѓер.
Автор: ЖА/БГ/макфакс