1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Граѓаните на Албанија сакаат промени и влез во ЕУ

28 јуни 2009

Во Албанија денеска се избира нов состав на парламентот. Експертите очекуваат тесна битка меѓу владеачката Демократска партија и опозиционата Социјалистичка.

https://p.dw.com/p/IccI
За кого да се гласа? Минувачка пред паноата со плакати во ТиранаФотографија: DW/ Ballvora

На списоците стојат 4.000 кандидати од преку 40 партии и изборни сојузи. Главната битка меѓутоа ќе се води меѓу Демократската партија на актуелниот премиер Сали Бериша и опозиционите Социјалисти на градоначалникот на Тирана, Еди Рама. Изборите ги следат околу 3.000 набљудувачи, а нивниот регуларен тек ќе има голема важност за натамошните перспективи на Албанија за интеграција во ЕУ. Од паѓањето на комунизмот во 90-тите години сите избори во Албанија беа проследени со насилство.

На овие избори за прв учествува и партијата на македонското малцинство и тоа во изборната коалиција на владечаката партија на премиерот Сали Бериша. Повеќе детали од следниот аудио-прилог.

Автор: Вера Тодоровска

Редактор: Горан Чутаноски