Гранувањето на странци - срамно за Авганистан
30 јули 2007Во Авганистан загрижено се гледа во часовникот. Напладне по локално, односно 9 часот и триесет минути по средно европско време би требало да помине ултиматумот кој го поставија грабнучвачите за Кореанските христијани.
Порпарлот на Талибанците Јусуф Ахмади синоќа се јави за збор „Владата во Кабуул не сака да најде решение за овој случај, не сака успех. Затоа ние сега поставуваме последен рок до понеделник 12 часот на пладне локално време.“ ако дотогаш не се одговори на барањата на Талибанците, нагласи Ахмади тогаш е можно милитантните исламисти да почнат со убивањето на Јужнокорејците. И натаму станува збор и за барањата за откуп. Според податоци на властите во преговорите се вклучени и пратеници од авганистанскиот парламент, меѓу нив и поранешниот командант на Талибанците, Абдул Салам Рокети.
Талибанците бараат исполнување на барањата од ултиматумот
Досегашните ултиматми пропаднаа, најверојатно поради тоа што грабнатите се наоѓаа на повеќе места, а водачите на групите кои ги држат заложницитие не можеле да се договорат и да донесеат единствената одлука. Една од грабнатите вчера даде и интервју за јужно корејски весник. 34 годишната Ли Џи Јунг е заедно со уште тројца нејзини сограѓани и според нејзините зборови ситуацијата во моменто е во ред но не знае како се чувствуваат другите киднапирани. Местото каде се чуваат некогаш го менуваат еднаш дневно, а некогаш ендаш на два или три дена. Инаку грабнувачите бараат ослободување на Талибанци од затворите во Авгнистан во поинаков случај ќе почна со убивање на заложниците.
Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи, грабнувањето на странците го нарече срамно за земјата и истакна дека неговата владат ќе стори се’ што може за да ги ослободи заложниците. Ослободување на борци на Талибан од друга страна, според официјните податоци не е дел преговорите.
Германскиот инжинер сеуште во рацете на грабнувачите
Продолжуваат и напорите за ослободување на германски градежен инжинер, кој речиси две недели се наоѓа во заложништво. Инжинерот и петорица Авганистанци се во рацете на банда која се смета за дел од Талибанците, но не припаѓа во нивнатат база, туку има криминални мотиви. Според последните податоци, грабнанитот во однос на околностите е во добра состојба. Преговорите за неговото ослободување очигледно споро напредуваат.