1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Големо невреме во Австрија и Италија

ЕМФ /агенции
7 август 2017

Големо невреме во Австрија и Италија, во регионот на Алпите, однесе неколку животи. Денеска состојбата полека се подобрува.

https://p.dw.com/p/2holL
Unwetter in Österreich
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Scheriau

„Најлошото е зад нас“, вели Јозеф Промегер, командант на противпожарните единици кои интервенираа во долината на Гросарл, која поради огромното невреме во текот на викендот беше отсечена од светот. Омилената долина на туристите беше особено многу погодена од дожд, град и лавини од кал. Многу туристи беа заглавени поради затрупани патишта, а во долината беа подигнати два кампа за сместување на луѓето во нужда. Сѐ уште не е јасно колкави се размерите на штетите. Прогнозата за наредните денови предвидува стабилизирање на времето. Не се очекуваат дождови.

За време на викендот со невремето се бореше и Италија. Една жена во местото Кортина д'Ампецо почина откако нејзиниот автомобил бил затрупан од свлечиште. На планината Мармолата еден маж загина од гром, а во регионот Фриаул еден турист, најверојатно Белгиец, загина од стебло кое се урнало врз неговиот шатор. Во Ломбардеи жена загина лизгајќи се од влажна планинска патека. Спасувачите ги повикуваат луѓето сериозно да ги земаат предвид предупредувањата. И додека на северот на Италија спасувачките екипи се борат со последиците од огромните дождови, во други делови на земјата владеат температури над 40 степени целзиусови. 

Германско лето... Што?