1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Голема прослава на 100-годишнината во Тирана

БГ/афп/бета/миа29 ноември 2012

Прославата беше проследена со дипломатски скандали откако посетата ја откажаа шефот на грчката дипломатија Аврамопулос и македонскиот претседател Иванов.

https://p.dw.com/p/16sLM
Фотографија: DW/A. Ruci

Десетици илјади Албанци присуствуваа синоќа на централната прослава на 100-годишнината од независноста на албанската држава во Тирана. На градскиот плоштад најпрво се одржа воена парада, а потоа беше послужена и огромна торта тешка 18 тони.

Поради изјавата на албанскиот премиер Сали Бериша од претходниот ден, дека границите на Албанија го вклучуваат и западниот грчки град Превеза, учеството на манифестацијата го откажа грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

Претходно, посетата на Тирана ја откажа и македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по инцидентите што се случија при посетата на премиерот Никола Груевски. Кон неговото возило беше гаѓано со јајца и пластично шише. На прославата во Тирана, сепак, присуствуваа македонскиот министер за одбрана Фатмир Бесими и вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи.

На прославата присуствуваа претседатели и премиери на Црна Гора, Косово, Унгарија, Хрватска и Словенија, како и висока делегација од Италија.