1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците стигнаа во својот камп во Бразил

ЕМФ/сид/дв8 јуни 2014

Германската фудбалска репрезентација попладнево (08.06.) пристигнаа во Кампо Бахиа, во Санто Андре, Бразил. Поделени се во групи за спиење, а селекторот за „хаусмајстори“ ги назначи Лам, Швајнштајгер, Клозе и Мертезакер.

https://p.dw.com/p/1CEYQ
Фотографија: picture-alliance/dpa

По 15 часа пат, германската репрезентација која полета од Франкфурт е во Кампо Бахиа. Пречекани беа од сончево време и ученици со равеани знаменца.

Кампот во кој е сместен германскиот национален тим се наоѓа во малото рибарско селце Санто Андре, директно на брегот на Атлантикот. Менаџерот на репрезентацијата Оливер Бирхоф, пред пристигнувањето рече: „Кога ќе стигнеме во Кампо Бахиа се‘ ќе се врти само околу фудбалот“.

За денеска е веќе закажан и првиот трениг на репрезентативците, на една недела пред првиот натпревар од групната фаза, на 16 јуни против Португалија. На последниот тест натпревар пред да отпатува за Бразил, германскиот тим остана без Марко Ројс, кој го повреди скочниот зглоб. „За него и за нас ова е навистина за жалење. Марко беше во супер форма, тој на подготовките и на двата тест-натпревари против Камерун и Ерменија остави извонреден впечаток, бликаше од желба за игра. Тој имаше централна улога во нашите размислувања за Бразил“, изјави Јоахим Лев. „Ова е горчливо за нас и за него. Тој беше оружје, може да изведува слободни удари, подвижен е“, оцени Мирослав Клозе.

Computergrafik zeigt das Ferien-Ressort Campo Bahia in Brasilien
Кампо БахиаФотографија: DFB/campobahia/dpa

Ројс за време на подготовките беше во одлична форма и беше „фиксна“ фигура во тимот на Лев. Селекторот одлучи на негово место да го повика 25-годишниот одбранбен играч Шкодран Мустафи, кој не игра во средината на теренот како Ројс, туку е одбранбен играч. „Жал ми е за Марко, но се разбира ме радува што можам да бидам дел од тимот“, рече 22-годишниот Мустафи.

Лев сега се труди да го насочи погледот напред. „Треперењето почнува. Се радувам што конечно почнуваме“, изјави тој. Андре Ширле пред полетувањето ја опиша атмосферата во тимот со следните зборови: „Се радуваме многу“. Тој повика на борба за титулата светски првак: „Секогаш мора да се има највисоката цел пред очи!“