1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот претседател во посета на Авганистан

АТ/ дпа/ дапд/ афп17 декември 2012

Германскиот претседател Јоахим Гаук престојува во прва посета на Авганистан. Од безбедносни причини патувањето не беше претходно најавено.

https://p.dw.com/p/1741J
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот претседател Јоахим Гаук истакна дека со посетата на трупите сака лично да им се заблагодари на војниците и да им оддаде признание во името на целата земја за нивниот ангажман. Пристигнувајќи во германската база во Мазар и Шариф во Авганистан Гаук подвлече: „Вие пружате нешто вонредно, поднесувате жртви, покажувате храброст“, рече германскиот претседател и дополни „Вие работите за тоа, овде во Авганистан да ги охрабрите сите оние, кои сакаат да создадат мир, демократија и добросостојба“.

Германскиот претседател, во придружба на неговата животна сопатничка, со владиниот авион слета директно на меѓународниот аеродром во северно авганистанскиот град. Претходно ваквите посети беа организирани со транспортен авион на Бундесверот преку Узбекистан.

Посетата на германскиот претседател Гаук се одвива под најстроги безбедносни мерки и дури по неговото пристигнување беше обелоденета во јавноста. 

Ова е прва посета на Авганистан на Гаук како германски претседател, односно четврта на еден германски претседател вкупно. Неговиот претходник Криситијан Вулф во октомври 2011. година ги посети германските трупи и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Во Мазар и Шариф во северен Авганистан Гаук има намера одблизу да се запознае со ангажманот на германските војници во оваа земја. Освен средба со војниците планирана е и средба со хуманитарните работиници за развојна помош како и службениците кои вршат обука на полицијата.

Во моменов Бундесверот се подготвува за постепено повлекување од Авганистан. До крајот на 2014. година според планот на НАТО сите борбени трупи на Алијансата, кои учествуваат во ИСАФ мисијата ќе треба да се вратат дома. Во моментов во Авганистан се стационирани околу 4.500 германски војници. Нивниот број треба да се намалува до крајот на 2013. година.