1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германскиот заложник во Авганистан не е солободен

4 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BPyi

Германското министерство за надворешни работи ги отфрли извештаите за ослободувањето на грабнатиот германски инженер во Авганистан.Интернет редакцијата на весникот Ди Велт повикувајќи се на добро информирани извори тврдеше дека 62 годишниот по плаќањето откупнина се наоѓа на пат за Германија.

Грабнувачите на дваесет и еден јужнокорејски заложници во Авганистан пак , според сопствени наводи, се подготвени на разговори со јужнокорејската амбасада во Кабул.Владата во Сеул потврди дека не е во состојба да ги исполни барањата на грабнувачите за размена на затвореници.Талибанците спречија пристап на авганистански лекари кон заложниците,од кои двајца се тешко болни.