Германската СПД за „авито„ за Македонија
10 ноември 2005„Македонија во последниве години бележи развој што може само да радува, со тоа што од земја на работ на граѓанска војна се разви во функционирачка демократија, во чија европска ориентација не може воопшто да има сомнеж.
Успешната приказна на Македонија е истовремено и голем успех на меѓународната мировна политика, особено на ЕУ и на НАТО. Со Охридскиот процес не само што беше спречена уште една војна на Балканот, туку беше создадена и основа за траен мирен соживот на словенските и албанските Македонци.
Со спроведувањето на заклучоците од Охрид, што водеше кон смирување на етничките конфликти, беше исполнет и еден од главните услови за способноста на Македонија да и‘ се приближи на ЕУ. Освен тоа постои можноста и преостанатите дефицити, што без сомнеж постојат, во наредниот период да бидат надминати.
Социјалдемократската партија на Германија затоа ја поздравува одлуката на Европската Комисија на Македонија да и‘ даде статус на кандидат за членство и се залага на наредниот самит во декември тој да биде потврден и да биде одреден датум за почеток на преговорите.„