Германската СПД е против сеопфатно видео набљудување
22 август 2006Реклама
„Германската социјалдемократија е подготвена да го стори неопходното што се однесува до видео набљудувањето на критични точки.„
Ова е сигнал во насока на барањата од вториот партнер во големата коалиција, христијанско демократската унија, чии политичари инситираат на значително проширување на видео набљудувањето на јавни места. Бек сепак упати јасен сигнал на ограничување:
„Сметам дека треба да останеме на тоа да гледаме сосема трезвено каде навистина е неопходно дополнително видео набљудување за подобрување на сигурноста. Таму каде што е потербно, треба и да го сториме тоа, но комплетно покривање – тоа го одбивам!„ – нагласи претседателот на владината социјалдемократска партија на Германија, Курт Бек.