1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Почеток на подготовките

ЕМФ/дпа/сид21 мај 2014

Во Јужен Тирол, Италија, денеска (21.05) почнуваат подготовките на германските фудбалери пред претстојното Светско фудбалско првенство во Бразил. Сами Кедира ќе пристигне дури по финалето на ЛШ.

https://p.dw.com/p/1C3dq
Фотографија: picture-alliance/dpa

За германските фудбалски репрезентативци почнува жешката фаза од подготовките за СП во Бразил. Тие до 31 мај се во тренинг камп во Јужен Тирол, Италија. Од 27-темина играчи кои ги избра селекторот Јоахим Лев, еден ќе пристигне дури по финалниот натпревар на Лигата на шампиони. Сами Кедира, имено, мора да биде со својот клуб Реал Мадрид до финалето в сабота во Лисабон.

Капитенот Филип Лам и голманот Мануел Нојер веќе денеска се со репрезентацијата, но засега не смеат да тренираат поради повреди. По завршувањето на кампот и тест натпреварот што ќе се одигра на 1 јуни, Лев ќе мора да го направи изборот од 23-ца играчи кои ќе отпатуваат во Бразил.

DFB PK WM Kader 2014
Фотографија: Reuters

Лам на четири недели пред СП изјави дека репрезентацијата мора да работи „на одбраната“. „Во последно време примивме премногу голови, а пропуштивме многу големи шанси. Мора да внимаваме на тоа како стои одбраната“, рече Лам за весникот „Билд“. За триесетгодишниот Лам ова ќе биде трето светско првенство. Својата најверојатно последна шанса за титула тој сака да ја искористи по секоја цена: „Не сакам да испаднеме во полуфиналето или да одам во Бразил за да уживам на сонце. Имам јасна цел, а тоа е постигнување на најголемиот успех - освојување на пехарот на СП.“