Германската најмодерна продавница за сладолед
28 јули 2014Лето и сладолед, тоа е класика. Сладоледџилниците се натпреваруваат во најдобри рецепти и најрафинирани видови. Во Кајзерслаутерн се поставуваат нови стандарди, барем во технички поглед. Овде од неодамна постои целосно автоматизирана сладоледџилница: се нарачува преку екран на допир. За многу муштерии тоа е необично.
Муштериката Дорис Шмит е малку разочарана:
„Ние две стари жени стоиме овде малку глупаво. Навистина, ние знаеме да испратиме порака преку Whatsapp, можеме да се истакнеме насекаде преку Фејсбук, но за да порачаме сладолед, премногу сме глупави.“
Ама не, сепак, функционира. Се става чип-картичка и ладната нарачка излегува од автоматот.
Електронскиот помошник се’ уште е малку несмасен, но продавницата е полна. А муштериите можат да одберат меѓу 40 различни видови сладолед.
„Има одличен вкус“, вели еден средовечен човек.
„Ова е едноставно перфектно“, признава и Дорис Шмит.
„Ќе ги испратиме нашите мажи овде, тие обожуваат сладолед“, дополнува нејзината пријателка.
Но, како основачот Томас Урбан дошол на оваа идеја?
„Кога човек уште има нешто детско во себе, како јас, и е малку занесен по техника, а кон тоа се надоврзе домашно правен сладолед, тогаш да видиме што уште ќе случи“.
Хај-тек сладоледџилницата во Кајзерслаутерн е толку успешна, што наскоро треба да биде отворена и филијала во Берлин.