1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германската влада препорача да не се патува во Украина

БГ/макфакс6 мај 2014

Германската влада ги советува своите граѓани кои се во Украина да ги напуштат источните и јужните делови на земјата, а шефот на дипломатијата оценува дека оваа земја се наоѓа на прагот од голема воена конфронтација.

https://p.dw.com/p/1BuOu
Фотографија: Adam Berry/Getty Images

Германското Министерство за надворешни работи ги засили своите претходни предупредувања за условите на патување во Украина и упати апел до своите граѓани, пред се до новинарите, да ги напуштат источните и јужните делови од украинската територија.

„По повод најновите случувања мора да се тргне од тоа дека претставниците на медиумите се наоѓаат во опасност од сепаратистичките сили кои при своите акции може да ги уапсат или заржат“, се вели во соопштението од Министерството.

Германскиот шеф на дипломатијата, Франк Валтер Штајнмајер, оценил дека земјата се наоѓа на само „неколку чекори“ од воена конфронтација. Штајнмајер во некои европски медиуми упатил предупредување на растечката опасност и отворен воен конфликт.

„Крвавите слики од Одеса ни покажуваат дека сме на само неколку чекори оддалечени од воена конфронтација. Украинската криза стана се потензична и се одвива сѐ побрзо, а тоа е нешто за што ние претходно сметавме дека не е можно. Неопходно е да се преземат соодветни мерки, со цел да се спречи нова студена војна“, вели Штајнмајер во својата изјава до медиумите.