Германската влада одобри продолжување на мисијата во Авганистан
19 септември 2007Реклама
Германската влада денеска ја усвои одлуката за едногодишно продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан. Со оваа одлука, ангажманот во ИСАФ трупите и на специјалните германски авиони од типот Торнадо се спојуваат во еден мандат. Германскиот парламент на 12 октомври треба да гласа за одлуката.