1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Потребна е јасна ЕУ перспектива за Балканот

СН/агенции
1 април 2022

Германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот австриски колега Карл Нехамер повикуваат на брз напредок во поврзувањето на Западен Балкан со ЕУ. Во спротивно, регионот може да стане зона на влијание на Русија или на Кина.

https://p.dw.com/p/49Jjc
Германскиот канцелар Олаф Шолц го пречека својот австриски колега во Берлин
Германскиот канцелар Олаф Шолц го пречека својот австриски колега во БерлинФотографија: Steffi Loos/Getty Images

Поради руската аресорска војна во Украина, Германија и Австрија сакаат да го „поттурнат“  процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан во Европска унија.

Потребна им е „јасна перспектива за влез во ЕУ“, изјави германскиот канцелар, Олаф Шолц, по состанокот со својот австриски колега, Карл Нехамер, во Берлин.

„Секакво натамошно одложување го прави Западен Балкан ранлив и отворен за влијание од трети земји“, рече Шолц.

С. Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија имаат статус на земји кандидати за членство во ЕУ. Како „потенцијални“ кандидати, Босна и Херцеговина и Косово се поодалечени од пристапување кон ЕУ.

Канцеларите на Австрија и на Германија, Нехамер и Шолц за време на интонирањето на химните пред средбата во Берлин на 31. март 2022
Канцеларите на Австрија и на Германија, Нехамер и Шолц за време на интонирањето на химните пред средбата во Берлин на 31. март 2022Фотографија: Michael Sohn/AP/picture alliance

Нехамер: Да се убедат скептиците во ЕУ

Со С. Македонија и со Албанија конкретните преговори за пристапување кон ЕУ требаше одамна да почнат, но тоа повеќепати пропаѓаше поради отпор до разни земји членки на ЕУ. Шолц и Нехамер не сакаа да ги именуваат државите кои го забавуваат почетокот на пристапните преговори. Досега тоа го правеа Холандија, Франција и Белгија, поради внатрешнополитички причини.

Повеќе: Брисел или Москва? Германските политичари бараат Србија јасно да се позиционира

Со оглед на војната во Украина, сега е неопходно да се убедат скептиците во ЕУ, рече австралискиот канцелар. Нехамер, исто така, нагласи дека Австрија има долга заедничка историја со овие земји. „Не само што треба да разговараме за можни европски перспективи, туку треба нешто и да сториме“, рече тој.

Графички приказ на степенот на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан
Графички приказ на степенот на евроинтеграцискиот процес на земјите од Западен Балкан

Шолц, како и Ангела Меркел која со години водеше кампања за проширување на ЕУ на Западен Балкан, бара конечно да почнат преговорите со С. Македонија и со Албанија. „Но, исто така, мораме да продолжиме со институционални реформи во ЕУ за да можеме да се прошириме“, додаде Шолц.

Западен Балкан, инаку, е изложен на други зони на влијание како што се Русија или Кина. „Затоа за нас е важно поради геостратешки интереси тука всушност да ја промениме брзината, да се придвижиме и да им дадеме на луѓето во овие земји перспектива. Затоа ќе се води кампања со „скептиците“ во ЕУ. Јасната определба - дека Западен Балкан ѝ припаѓа на Европа - сега мора да се спроведе во пракса“, рече Нехамер.