1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија е на вистински курс во Авганистан

25 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BLpo

Специјалниот пратеник на ОН за Авганистан Том Кенигс побара од германската влада долготраен ангажман во Авганистан. Кенигс по средбата во Берлин со германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека За ОН е многу важно во оваа тешка фаза во Авганистан , партнерските земји , пред се Германија енергично да го следат курсот :

„Во наредниот периот ќе ни биде потребна дополнителна подржка , бидејќи заканата сеуште трае“- истакна Кенигс

Канцеларката Меркел пак истакна дека Германија со својата стратегија за Авганистан е на вистинскиот пат . Таа уште порача дека владата ќе направи се за ослободување на киднапираниот германски градежен инжинер во Авганистан.