Германија-Авганистан
26 јули 2007Реклама
Министерството за надворешни работи во Берлин предупеди на пропагандна војна на радикално исламистичките талибанци. Во Германија и натаму е голем интересот за продолжување на мисијата во Авганистан за што решение треба да се донесе наесен, изјави портпарол на министерството. И натаму интензивно се преговара за ослободување на германскиот заложник кој според информациите се наоѓа во добра состојба. Според информации на талибанците 22 кореански заложници сеуште се живи. Сојузното министерство за надворешни работи во меѓувреме уште еднаш предупреди граѓаните да се воздржуваат од патување во Авганистан.