Генетски истражувања им донесоа нобелова награда
8 октомври 2007За истражувања во областа на генетиката, американските професори Марио Капечи и Оливер Смајтис и Британецот Мартин Еванс, ја добиваат годинешната нобелова награда за медицина. Во објаснувањето од шведскиот Каролинска институт стои.
“Со истражување на генетски модификации кај глувци со помош на ембрионални матични клетки придонесоа да се дојде до нова технологија со која се влијае врз гените на глувците”.На тројцата лауреати им успеало буквално да “исклучат од функција” одредени гени за да може одвоено да се истражи нивната улога во здравјето и болестите. Преку ова таканаречено таргетирање на гени може да се истражат речиси сите аспекти од психологијата на цицачите. Истражувањето на Капечи било насочено кон улогата на гените во развојот на органите кај цицачите при што ја открил причината за неколку абнормалитети при раѓање. Работата на Еванс помогнала преку истражувањето на ефектите од генетска терапија. Смајтис исто така работел на таргетирање на гени при крвни болести и зголемен притисок.
Започна “нобеловската недела”
Со доделувањето за наградата за медицина се отвора “нобеловата недела”. Од 8 до 15 октомври јавноста ќе ги дознае носителите на наградите за фундаментални откритија во областа на физиката, хемијата, литературата и наградата за мир. Наградите ги воспоставил шведскиот научник и бизнисмен Алфред Нобел и се дотирани со 1,54 милиони долари. Церемонијата за врачување на Нобеловите награди по традиција се одржува на 10 декември на годишнината од смртта на Нобел, и тоа во Стокхолм и во Осло. За првпат се доделени во 1901 година.