Генерацијата 99 има моќ нешто да промени
12 јуни 2019Родени се во 1991 година, во годината на бомбардирањето и војната и денес се студенти прва година на факултети во Белград и во Приштина. Тие го направија првиот чекор и имаа средба на неутрална територија - во Скопје и во Куманово, на дваесеттата годишнина од потпишувањето на Кумановскиот договор, со кој во 1991 година е завршена војната и НАТО-бомбардирањето.
За време на дискусијата во зградата на Општината на Куманово која ја снимаше екипа од Радио-телевизија Косово и наскоро ќе биде прикажана на албански и на српски јазик на оваа телевизија, како и на интернет страниците на ДВ, и едните и другите ги повикаа лидерите на државите да работат на иднината, но и да не го заборават минатото.
Повеќе за средбата на „Генерацијата 99“ во следниов видео-прилог: