1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генерална проба на Пекинг за Олимпијада

3 ноември 2006

Денеска (петок 03.11.06) во Пекинг започнува тридневен кинеско-африкански самит на кој ќе учествуваат 48 африкански државници. Африка е важна за Кина која располага со богати наоѓалишта суровини неопходни за кинеското стопанство. За да ги пречека гостите со најголеми почести, улиците на Пекинг се накитени со знамиња и шарени плакати. Но, тоа не е се. Кинеската влада самиот го третира како генерална проба за Олим

https://p.dw.com/p/Aeqj
Кинескиот економски бум најдобро се гледа во Пекинг
Кинескиот економски бум најдобро се гледа во ПекингФотографија: AP

пијадата што ќе се одржи во главниот град Пекинг во 2008 година.

За воздухот да биде подобар, а улиците попразни, на 450 илјади автомобили им е забрането возењето.

Секој ден и ноќ низ градот минува метална лавина од скоро 2 милиона автомобили. Во шпиц времињата сите улици се безнадежно преполнети. Смрди на издувни гасови, а воздухот е толку загаден, што горат очите. Но, во моментов се е поинаку:

Улиците на Пекинг се слични со берлинските во недела наутро. Сообраќајот тече без застој:

„Денеска возев до железничката станица. Бев побрз за половина час од вообичаеното„, се чуди овој граѓанин на Пекинг. Причина за празните улици: во Пекинг се одржува кинеско-африкански самит на кој пристигнуваат 48 шефови на влади. Голема можност што кинеската влада ја користи за еден уште поголем спектакл, имено за тренинг пред олимпијадата. Во 2008 година Пекинг има намера да се презентира во најубава светлина: убав, чист и без застои. Самитот е генерална проба. 450 илјади службени возила ќе стојат. Товарни возила не можат да се движат низ центарот. На автопатите – полицајци, зашто и за автомобилите што доаѓаат надвор од Пекинг се неопходни специјални дозволи. Освен тоа, од граѓаните е побарано да го користат јавниот сообраќај или велосипеди:

„Условите по улиците вистина се добри. Има најмалку една третина помалку автомобили од вообичаеното„, се радува таксистот Ли и со уживање вдишува невообичаено чист воздух:

„На радио слушнав дека ова е вежба за олимпијадата. Побарано е од нас добро да се однесуваме, да им помагаме на муштериите и да им го преземаме багажот„.

Така вели Ли за вонредната состојба и специјалните правила за однесување. Меѓутоа, курс за добри манири не добија само пекиншките таксисти кои инаку се мошне груби, туку Пекинг прави проба за многу работи. На автомобилите кои немаат специјална дозвола им се запечатуваат вратите. Кој ќе го отстрани печатот, мора да плати казна. 810 илјади луѓе се грижат за тоа сите да се придржуваат кон мерките. На армијата, главно доброволци, им беа поделени црвени ленти на кои пишува:„редар„. За да нема расфрлано ѓубре, бригадите за чистење работат прекувремено:

„Нашето работно време е продолжено. Нормално, имаме пауза за ручек, но сега ни е укината. Јадеме патем. Вистина се врши голем притисок„.

Пекинг мора да личи убаво, шарен како знамињата. Насекаде цвеќиња, лампионите навечер му даваат на градот романтичен изглед:

„Ех, би било убаво кога не би имало само кртакорочен ефект, туку да трае подолго„., мрмори еден 30-годишен службеник. Но, тоа останува само сон. Кинеско-африканскиот самит е само проба за тоа колку совршено става во погон кинеската влада еден огромен пропаганден апарат за се’: за кусо време да прикаже светол вештачки свет кој ќе крахира кога ќе падне завесата.