1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Гези- протести“: Една година потоа

АТ/ дпа/афп31 мај 2014

Противниците на владата во Турција за денеска (31.05) повикаа на нови масовни протести во повеќе градови - една година по почетокот на „Гези-протестите“ во Истанбул. Владата на Ердоган ангажирала илјадници полицајци.

https://p.dw.com/p/1C9nr
Фотографија: Reuters

Во турската милионска мeтропола Истанбул според медиумите 25.000 полицајци и 50 водени топови треба да спречат демонстрантите да стигнат до плоштадот Таксим. „Нема да молчиме и нема да се прилагодиме“, се вели во повикот за демонстрации на Таксим-платформата. Мрежата од повеќе групи, на протестите во Истанбул и други турски градови има намера да им оддаде почит на најмалку седум луѓе, кои загинаа за време на т.н. Гези-протести. Исто така ќе се потсети на 301 жртва од рударската несреќа во Сома на 13. мај.

Од протести против градежен проекти до незадоволство од владата

На крајот на мај мината година турските сили за безбедност употребија насилство против заштитниците на животната средина, кои во Истанбул, во паркот Гези, кој се граничи со плоштадот Таксим демонстрираа против планираното сечење на дрвја и еден градежен проект. Акцијата предизвика повеќенеделни протести во целата земја. Брзо потоа тие беа насочени против авторитарниот стил на владеење на премиерот Реџеп Таип Ердоган. На крајот на летото масовните демонстрации попуштија, но отогаш постојано се разговруваат протести, кои полицијата ги разбива со водени топови и солзавец. Мината недела на маргините на протести во Истнабул загинаа две лица.

Ердоган ги осуди најавите за демонстрации. Истовремено тој бил убеден дека турската младина ќе ги игнорира ваквите „повици за бунт“.

Минатиот четврток владата на Ердоган доживеа правен пораз, бидејќи Уставниот суд нареди да се укине блокадата на видео платформата Јутјуб. Пред локаните избори во март, владата во Анкара ги блокираше платформата Твитер, а потоа и Јутјуб. Противниците на владата претходно преку Твитер и Јутјуб ширеа телефонски разговори, поради кои се јавуваат сомнежи за корупција на премиерот. Блокадата на Твитер Уставниот суд ја укина во април.