1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел е за претворање на ЕУ во политичка унија

27 декември 2011

Лидерот на германските опозициони социјалдемократи, Зигмар Габриел, е за претворање на Европската унија во политичка унија.

https://p.dw.com/p/13ZdN
Зигмар Габриел бара подлабоки промени на европските договориФотографија: dapd/C. Bilan

Со оглед на кризата со еврото, Европа мора да се развие од конфедерација во федерација, изјави лидерот на најголемата опозициска партија во Германија, СПД, Зигмар Габриел за весникот „Велт“. Станува збор за политичка унија каква што бараше и Хелмут Кол во времето кога беше канцелар. Европските договори мора да претрпат поголеми промени од она што беше договорено на последниот самит на Унијата во Брисел, оценува Габриел.

Неопходна е фискална унија, која подразбира буџетска стабилност, но и заедничка даночна и финансиска политика. Габриел како можни членови на таква политичка ЕУ ги наброи 17-те држави од еврозоната и секој што сака да и‘ се приклучи. Од особен германски интерес е кога Полска би била дел од една таква заедница, вели тој.

Автор: ЕМФ/афп/дапд

Редактор: Борис Георгиевски