1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Габриел во Киев

ЕМФ/дпа/афп7 март 2014

Германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел, по разговорот во Москва со рускиот претседател Владимир Путин, денеска (7.03) води разговори во Киев.

https://p.dw.com/p/1BLYb
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел денеска има средба со украинскиот преоден премиер Арсениј Јацењук и други членови на украинската преодна влада. Претходно, Габриел во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин околу можностите за деескалација на ситуацијата. Детали за разговорот со Путин не се соопштени, но по завршувањето на средбата Габриел пред новинарите рече: „Ако постојано има нови провокации, тогаш временскиот прозорец за дипломатско решение некогаш ќе се затвори. На прагот сме на опасноста Европа повторно да се врати во времињата на Студената војна.“

Ukraine Krise Gabriel nach Gespräch mit Putin in Moskau 06.03.2014
Габриел во Москва по разговорот со ПутинФотографија: picture-alliance/dpa

Разговорот на Зигмар Габриел со Владимир Путин беше планиран одамна и беше предвиден како прва посета на вицеканцеларот на странство по преземањето на должноста. Германската влада е на мислење дека посетата не смееше да биде откажана, зашто тоа би се сфатило како провокација. Владата во Берлин има најдобри врски со Путин и сака да ги остави отворени каналите за разговори. Тоа е од полза и за германската економија, која стравува од тоа дека би можела на крајот да биде казнета до страна на Путин. Габриел, имено, во куферот носеше долга листа со преудпредувања и итни потреби на шефовите на германските концерни. Повеќе од 6000 германски фирми, од глобални играчи до средни претпријатија, имаат 20 милијарди евра директни инвестиции во Русија. Од овие зделки зависат 300.000 работни места во Германија.