Г7: Историската фотографија од повеќе агли
Оваа фотографија многумина ќе ја запаметат од самитот на Г7 во Канада. Но што навистина се случувало во тие моменти, зависи од каде гледате. Еве ги петте фотографии кои ја опишуваат истата сцена.
Моментот
Оваа фотографија на германскиот владин фоторепортер Јеско Дензел молскавично го обиколи светот, откако ја твитна владиниот портпарол Штефен Зајберт ја твитна. На неа се лидерите на Г7. Многумина коментираа дека канцеларката Ангела Меркел делува одлучно, додека претседателот на САД Доналд Трамп беше опишан како „скиселен“.
Кој е главен овде?
Но еве една сосема поинаква перспектива на преговорите која ја твитна портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс. На неа, Трамп е опкружен од светските лидери, ја предводи конверзацијата, и седи за разлика од сите други околу него.
Каде е Трамп?
На оваа фотографија, која ја твитна италијанскиот премиер Џузепе Конте, Трамп воопшто не е присутен. Таа исто така ги покажува светските лидери кои разговараат за некој документ, но фокусот е врз Меркел, Емануел Макрон и Тереза Меј. Конте е зад нив.
Макрон на средината
„По долг работен ден и многу директен дијалог, ние активно бараме амбициозен договор“. Ова беа зборовите во твитот на Макрон покрај фотографијата за време на самитот. Го прикажува него како зборува, додека другите лидери внимателно слушаат.
Нема никаков проблем?
Оваа фотографија е сликана веројатно неколку секунди пред или по онаа на Дензел. Адам Скоти, фотографот на канадскиот премиер Џастин Трудо, сликаше порелаксиран момент меѓу лидерите, со насмеаните Меркел и Трудо, и Трамп кој делува, во најмала рака, како да е подготвен да слуша.