1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вучиќ остана сам на врвот

Немања Рујевиќ/Ж.А.25 април 2016

Резултатот на Српската напредна партија ја обврзува да владее сама, сметаат соговорници на ДВ. Сега на ред конечно доаѓа исполнување на изборните ветувања. Имаше огромни избори нерегуларности, велат нашите соговорници.

https://p.dw.com/p/1Ibzi
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Според првичните резултати партијата на десниот центар на Вучиќ доби 49 насто од гласовите. Левичарската Социјалистичка партија остана втора најголема партија во парламентот со скоро 11 насто од гласовите, додека ултра националистичката Радикална партија на Воислав Шешељ влезе во парламентот со скоро 8 насто.

Апсолутно мнизонство, победнички говор, ветување дека ќе работи за доброто на Србија-Александар Вучиќ е убедлив победник на изборите со мандат да ја води земајта во следните четири години или барем до идните предвремени избори. Освен него, единствен задоволен може да биде уште Саша Радуловиќ, претседател на движењето Доста беше, кој го премина цензусот, остварувајќи двоцифрени резултати во некои белградски општини. Освен тоа, да здивнат можат и Радикалите, или да речат „тја, можеше и подобро“, како што направи Војислав Шешељ. Српскиот парламент ќе стане пошарен, но повеќе од кога било ќе биде јасно кој ќе се прашува за се‘ во Србија.

Кулминација на СНС

„Ваков голем, речиси референдумски консензус не е добар за демократијата, зашто владејачкото мнозинство нема никого во Парламентот кој би ја контролирал неговата работа“, вели за Дојче веле Јована Глигоријевиќ, уредник во неделникот Време. Таа верува дека Вучиќ ќе мора да владее сам, зашто тоа беше и смисолот на овие избори. „За разлика од сите претходни победи на кои се радуваше, оваа треба да го загрижува Вучиќ, зашто конечно е на самиот врв. Таму се качи со помош на приказните за иднината и со ветувања. За да се одржи на врвот, ќе мора да почне да ги исполнува ветувањата, а знаеме дека во тоа не е баш најблескав“, наведува таа. Таа додава дека збирниот резултат на Напредните и Социјалистите зборува за голема поддршка кон владејачката гарнитура, што е „огромно изненадување“, со оглед на „општиот пад на животниот стандард“.

Слично смета и Михаило Тешиќ, блогер и маркетиншки експерт. Тој вели дека Вучиќ лесно ја искористи пол-позицијата која ја имаше поради контролата врз медиумите и ресурсите. Тој верува дека Дачиќ е најголемиот губитник на изборите и дека неговото прво обраќање кон јавноста зборува во прилог на тезата дека нема повеќе да биде во власта: „Тоа беше сјаен контрапункт на неговата легендарна изјава од 2012 година која отприлика гласеше: Не знам кој ќе биде претседател, но знам кој ќе биде премиер. Синоќа беше блед и неубедлив, очигледно свесен за својата заменливост во ’господаровата милост’, како можеби и за некои досиеја во ’ господаровиот сеф’“, вели Тешиќ за Дојче веле.

Belgrad Serbien Wahlen
Фотографија: picture-alliance/dpa/O.Toskic

„Пад на Војводина“

За победата на старо-новиот шеф да биде целосна, се погрижи фактот што „падна Војводина“, последното големо упориште на Демократската партија каде резултатите главно се пресликани од републичко ниво. Младиот социолог Радио Хајриќ вели дека СНС во Војводина веќе нема да има со што да ги наградува партиските соборци, па клатното на владејачката партија може во динина да се движи само во обратна насока.

Пред овие избори странските медиуми првенствено ги интригираше враќањето на Војислав Шешељ на политичката сцена. Извесно е дека неговата Српска радикална партија станува трета најсилна опција, а како што вели Јована Глигоријевиќ, тоа значи „враќање на патувачкиот циркус Шешељ во Парламентот, враќање на националистичките реторики, пцовки, клетви и останатото од репертоарот на Шешељ. За влез во Парламентот, Шешељ може да му заблагодари на Хашкиот трибунал, зашто пред тамошната ослободителна пресуда неговата партија беше под цензусот.“

Бугарски и други возови

Додека во Нови Сад и на други места Српската напредна партија, СНС, славеше со трубачи, Демократската партија на состанок ги собра претставниците на, како што се вели, партии со „демократска определба“ со тврдење дека Вучиќ се обидува да задржи три листи под цензусот, за во конечната поделба на мандати да добие повеќе. Уште на самиот почеток на гласањето на многу гласачки места беше утврдено дека се гласа според системот на т.н. бугарски воз, каде гласачот го уфрлува однапред пополнетото гласачко ливче кое му го дале партиските активисти, а мора да го изнесе своето ливче-непополнето. Невладината организација ЦРТА која ги следеше изборите соопшти дека на четири бирачки места имало груби неправилности.

Премиерот Вучиќ во текот на својата конференција неколкупати повторуваше оти активистите на неговата партија кампањата ја воделе „чесно и чисто“. Во тоа не е убеден Драган Поповиќ, поранешен директор на Центарот за практична политика кој веше на листата на Левицата: „Бројни неправилности покажуваат дека сме на граница да го загубиме и последното што го добивме по 5 октомври- слободни избори. Власта која ја згази слободата на медиумите, сега ја гази и слободата на избори. Тоа мора да не‘ загрижи.“

„Да се изборите коло на фудбалско првенство, тоа би било коло запамтено не по некој голем пресврт, победа или скандал, туку по тоа што речиси на секој натпревар линискиот судија носи дрес на тимот кој е прв на табелата“, вели Тешиќ. „Но, тоа никого не го загрижува, зашто победникот веќе се знае и на сите им одговара тој да оди во квалификации за Лига на шампиони. Најмногу на Европа.“

Првите честитки од Европа стигнаа телефонски од кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, по Твитер од еврокомесарот Јоханес Хан, од шефот на австриската дипломатија Себастијан Курц. Сите се радуваат на продолжување на соработкта со Вучиќ.