1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Времето кога Мандела беше сметан за терорист

Вера Керн/ Симе Недевски11 декември 2013

Терорист или икона на слободата? Нелсон Мандела долго беше спорна личност меѓу германските политичари, а многу компании од Германија водеа добар бизнис со режимот на апартхедот. Требаше долго време но ставот се промени

https://p.dw.com/p/1AW2w
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во Јоханесбург најзначајните имиња на светската политика му оддадоа последна почит на Нелсон Мандела. За поранешниот борец против апартхедот во светските а и во гермнските медиуми се говори како за светец. Некои од епитетите во Германија се „голема личност“, „блескав пример“, „човек полс со трпение, љубов и толеранција“. Мандела е почитуван како икона на ненасилната борба за слобода. Политичарите од сите германски партии му одадоа почит на животното дело на поранешниот претседател на Јужноафриканската република (ЈАР) и на добитникот на Нобеловата нагрда за мир. Ако погледнеме наназад во историјата на односите меѓу Германија и ЈАР ќе видиме дека тоа секогаш не било така. Имаше и времиња кога некои германски политичари беа скептични кон Мандела.

Германските влади сѐ до 80-те години од минатиот век беа многу сомничави кон Мандела- особено конзервативниот табор. Поранешниот министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер и самиот вели дека морал да ги преиспита своите ставови. Геншер во 80-те години во Он се залагал за ослободување од затвор на Мандела. Во Германија тогаш тоа било многу конзтроверзно: „Бев обвинет дека се залагам за убиец и за терорист“, вели Геншер. Ставот дека Мандела е „терорист“ во тоа време го застапувале и САД и Велика Британија. „Неспорно е дека Западна Германија можела и морала да биде далеку покритички настроена кон нехуманиот систем на апартхејдот и кон американската и британската позиција“, вели Лудгер Шадомски, експерт на ДВ за Африка.

Volkswagen-Werk im südafrikanischen Uitenhage
Фабриката на Фолксваген во јужноафриканското место УитенхагеФотографија: picture-alliance/dpa

Економски интереси

Надвор од политиката, во Германија се разви силно движење против апартхејдот. Вино или овошје од ЈАР? Незамисливо за многу цркви, граѓански иницијативи и училишта, кои повикуваа на бојкот на производите од оваа земја. Официјално владите во Берлин се држеа на дистанца од режимот на апартхедот, но не го бојкотираа- дури ни кога му се ближеше крајот. Германската економија истотака оддржуваше блиски односи со Јужноафриканската република. „Германија беше најважен трговски партнер на ЈАР и обратно ова земја за Германија беше трговски партнер број 1 во Африка“, вели Шадомски. Автоконцернот Фолксваген сѐ уште е голем германски работодавач во ЈАР а електроконцернот Сименс голем инвеститор во земјата. Кога во доцните 80-ти години порасна меѓународниот притисок врз режимот на апартхејдот, многу германски фирми се преселија, на пример во Зимбабве.

Двојни стандарди? Тоа со сигурност може да им се префрли на некои концерни, вели Михаел Монерјан од Африканското здружение на германското стопанство. Германските компании јавно беа против расната сегрегација која владееше во земјата а сепак меѓу водечките луѓе во фирмите немаше црнци.

Nelson Mandela Rede im Bundestag
Говорот на Мандела во Бундестагот во 1996 годинаФотографија: picture-alliance/dpa

Промена на ставот

Фактот дека Јужноафриканската решублика по промената на власта во 1989. година полека се отвораше кон светот и се наѕираше укинувањето на апартхедот, германските политичари едногласно го поздравија. начинот на кој Мандела од затвор, заедно со тогашниот претседател на ЈАР Фредерик Вилхелм де Клерк ја водеше мирната промена во земјата, многу придонесе за промена на свеста во германската политика, вели Шадомски. Сепак кога е Мандела во прашање, влдата на демохристијаните и либералите беше скептична и во 1996. година. Поранешната претседателка на Бундестагот, Рита Зисмут го повика Мандела да се обрати пред германскиот парламент- во тоа време тој вече две години беше на функцијата претседател на ЈАР: „Мислењата беа поделени меѓу политичарите и пратениците“, вели Зисмут. Но Мандела сепак говореше во Бундестагот.

Резервираност и екептичност - овие зборови авучат како реликвии од минати времиња кога во еден здив ќе се изговорат со името на Нелсон Мандела. мадиба, како што го нарекуваат во неговата татковина, одамна стана бесмртна икона на слободата и за германските политичари. Конечно, завршува Шадомски, „Нелсон Мандела за време на посетите на Германија ги освои со својот шарм скептичните германски индустријалци и политичари“.