Враќањето на Беназир Буто во Пакистан
19 октомври 2007Весникот Ди Велт за враќањето на Беназир Буто во Пакистан пишува:
“ Што може да се очекува од жена, која повеќепати пропаѓаше. Прозападно ориентираната Буто, која има поддршка од САД и која исто така некогаш ги поддржуваше Талибанците, својата најголема задача ја гледа во задушување на радикалниот исламизам. Оттука оваа убава 54 годишна жена се наоѓа на врвот на црниот список на исламските екстремисти. Добро е што таа се врати во Пакистан, но се поставува прашањето, дали ќе успее да преживее, да излезе на избори, да победи и влезе во еден вид коалиција со Первез Мушараф. Доколку тоа и успее тогаш Пакистан навистина може да се смета сојзуник на западот“ пишува “Ди Велт“
Сличен став застапува и коментаторот во “Фајненшал Тајмс Дојчланд“
“ Воениот диктатор Первез Мушараф нерадо му овозможи на својот поранешен политички противник да се врати во земјата. Таа сега му е потребна како партнер, за да се одржи на власт. За Беназир Буто, тоа е голема победа. Политичкиот сојуз Буто-Мушараф кој би се обидел да го намали влијанието на исламистите, би бил голема добивка за Пакистан, но и за целиот регион“ коментира “Фајненшал Тајмс Дојчланд“
Весникот “Зидојче Цајтунг“ во денешното издание ги коментира плановите на рускиот претседател Владимир Путин за модернизирање на атомското оружје. Во текстот читаме:
“ Заканите од Русија повторно се сваќаат сериозно. При тоа изјавите на Путин не се насочени кон западот, туку на јавноста во сопствената земја. Путин ги прилагоди на себе претстојните парламентарни избори. Тој на нив ќе се појави како главен кандидат на партијата “Обединета Русија“ Тоа ќе му овозможи како премиер да остане на власт, бидејќи уставот му забранува по два мандата повторно да се кандидира за претседател. Во спорот околу Косово или иранскиот атомски проблем, Путин одбегнува се што би водело кон компромис. До крајот на операцијата “ задржување на власта во Русија“ тешко дека нешто би можело да се промени“ закључува во коментарот весникот “ Зидојче Цајтунг“