1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба во делови од Германија поради „Херварт“

ЕМФ / дв
29 октомври 2017

Запрени возови, урнати скелиња, поплавени улици, стотици интервенции на противпожарните служби: бурата „Херварт“ остави траги во Германија.

https://p.dw.com/p/2mhTz
Deutschland Unwetter - Sturm Herwart in Berlin
Фотографија: Reuters/F. Bensch

Бурата „Херварт“ предизвика големи штети особено во северниот и источниот дел на Германија. Железничкиот сообраќај е во голем дел запрен. Во некои покраини речиси и немаше возови, соопшти портпарол на Германската железница. Погодени беа практично сите линии во покраините Шлезвиг Холштајн, Долна Саксонија, Хамбург, Мекленбург Предна Померанија, Саксонија, Саксонија Анхалт и Тирингија.

Deutschland Unwetter - Sturm Herwart - Zugverkehr am Ostbahnhof in Berlin
Таблата на една од железничките станици во Берлин покажува дека сите возови отпаѓаатФотографија: Reuters/A. Schmidt

Противпожарните единици јавуваат за стотици барања за интервенции. Само во Хамбург имало околу 550 интервенции и тоа главно за отстранување паднати дрвја од улиците, од куќите или автомобилите. На пристаништето во Хамбург реката Елба се прелеа и има опасност од поплавување на гаражи во близина на филхармонијата.

Во Дортмунд, Билефелд и Хам железницата стави на располагање возови за преноќевање. Таму патниците чии возовови не можеа да продолжат кон север смеат да престојуваат и во текот на денот.

Deutschland Unwetter - Sturmtief "Herwart" in Hamburg
Улиците во Хамбург денескаФотографија: picture-alliance/dpa/D. Bockwoldt

Бурата „Херварт“, според наводи на Германската метеоролошка служба (ДВД), денеска ќе ја добие најголемата сила. На Северното Море се очекува ветер со брзина од 120 километри на час. Постои опасност од големи поплави.